Вила Олга се наоѓа на 900м од плажа, во околина на 500м е првата продавница и пекара, располага со простран двор, со играчки за деца. Идеална за оние кој сакаат одмор настрана од градската гужва. Вила Олга е сместување со добро уреден и ограден двор каде децата можат безбедно да си играат.
Вилата поседува двокреветни студија, двокреветни студија со дополнително легло и четворокреветни студија со купатило со туш, фрижидер, комплетно опремена кујна, ТВ, интернет и клима (со доплата) и прекрасен двор.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО за 7 НОЌЕВАЊА
* уплатите се вршат исклучиво во денари по курс 1 евро = 62 денари
Дополнителни информации
Доплата за клима - 7 евра по соба на ден (опционално) - се плаќа при пристигнување во објектот
Задолжителна туристичка такса (се плаќа во објектот) 2 евра по соба на ден
За уплата за 2 споени термини се одобрува 10% попуст (попустот не се комбинира со други попусти)
Во студиата дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, т.е бројот на легла.
Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 2 години во кревет со родители.
Во собите има опремено мини кујна
Сместувањето во собите е после 14 часот по локално време
Напуштањето последниот ден е до 09 часот по локално време
Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнина и пешкири, а за хигиена се грижат самите гости.
Постелнината и пешкирите се менуваат еднаш во текот на пресотојот.
Минимум уплата за резервација - 30% неповратен депозит.
Доплата за автобуски превоз (со вклучена карта за траект):
Возрасни: 80 евра
Деца од 2 – 12 години: 65 евра
Деца од 0 – 2 години: БЕСПЛАТНО (не користат седиште во автобус)
Трансферот од пристаништето во Лименас до Голден Бич е околу 30 минути
Автобусот ги носи патниците до најблиската точка до вилата каде може да се застане со автобус
Агенцијата не одговара за квалитетот и брзината на интернет конекцијата во вилата
Поаѓање од:
Скопје - 01: 00ч. Паркингот кај спортска сала Борис Трајковски
Велес – 01:45ч Бензинска пумпа кај Мотел Македонија
Неготино – 02:15ч Макпетрол бензинска на автопат во правец кон Гевгелија
Смоквица – 02:45ч Шел бензинска на автопат во правец кон Гевгелија
Гевгелија – 03:00ч Шимов, бензинска пумпа пред граница
Поаѓања од Тасос
Вила Елени, Потос 13: 00ч. (локално време)
Вила Пенелопе, Скала Потамиа 09 :30ч. (локално време)
Вила Атина, Голден Бич 09:15 ч. (локално време)