Вила “MeDITeRAN”, се наоѓа на 50m од плажа до ресторант Бакалис и Триденте Маре, плажа. Комплетно опремена премиум вила со сите потреби за идеален престој. 160м2 на III спрата - 4 спални 3 купатила, кујна со тераса, голем двор со базен и џакузи, приватен паркинг. Идеална за 8 возрасни и 2 деца. Распоред по спратови:
- Ниско приземје: Голема спална, дневна со петосед на спуштање, купатило, iPTV 75', двор со гарнитура за седење.
- Приземје: Дневна соба, комплетно опремена кујна, master b-room со две единечни легла, купатило, тераса, двор со гарнитура за седење, базен со џакузи.
- Први кат: Две спални соби (спална легла) iPTV' клима, купатило.
НАПОМЕНА
- Цените се дадени за наем на цела вила од ден;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Во цената е вклучено користење на клима во секоја соба и Wi Fi;
- Сместување по 13 часот / Напуштање на вилата до 11:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 50%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Можност за користење превоз доколку се патува на термин од/до сабота од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата (на булеварот);
- Дозволено е сместување со домашни миленици со претходна најава.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
поаѓање секоја сабота (превоз на 7 ноќевања)
- Доплата за туристичка такса 5€ од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);