Вила Хани се наоѓа во Калитеа, на првата пешачка уличка во центарот на Калитеа, на 300м одалеченост од плажа. Вилата располага со двокреветни студија, двоспални апартмани и еден апартман со три спални соби. Сите сместувачки единици располагаат со сопствен тоалет, балкон, кујна опремена со минимален прибор за готвење и јадење (во нив нема тави за пржење и тенџериња) оваа вила не дозволува готвење како во домашни услови, клима, ТВ, интернет (за квалитетот на интернетот агенцијата не гарантира).
Двокреветните студија (бр.4 и 5) се наоѓаат на прв кат, со капацитет за 2 лица и можност за сместување на дете до 4,99год (кое спие со родители)
Двоспален апартман за 5 лица +1 дете (бр.2) лоциран на високо приземје, составен од 2 спални соби (една соба со дупли кревет и една софа) + (една соба со два единечни кревети), дневен престој со софа и кујна со ограничени можности за готвење
Двоспален апартман за 4 лица +1 дете (бр.1) лоциран на високо приземје, составен од две спални соби (една соба со дупли кревет) + (една соба со 2 единечни кревети), дневен престој со софа на која може да спие дете и кујна со ограничени можности за готвење.
Троспален апартман за 8 лица +1 дете (бр.3) лоциран на прв кат, составен од 3 посебни спални соби (една соба со еден дупли кревет и еден единечен) + (една соба со еден дупли и еден единечен кревет) + (соба со 1 единечен кревет), дневен престој со 2 софи, од кои едната може да се користи за спиење и кујна со можност за готвење.
Координати: 40°04'33.6"N 23°26'49.4"E
-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.03.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.04.2025
-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, СО 100%УПЛАТА ДО 10.05.2025
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената е вклучено:
7 ноќевања за наем на соба
Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)
Клима
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса: 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
-Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
-Велес (БП Макоил Хотел Македонија) – 50еур по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
-Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
Попустите не може да се комбинираат,
Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.