Студиа Фиоре , Парга Б категорија се наоѓаат на 200 метри од плажа (Писо-Kрионери), има одличен пристап до море без нагорнини, симпатично уреден двор со зеленило и мала скара, прикладни места за паркирање, во близина на атлетскиот центар на Парга. Студијата се опремени со кујни, тоалет, ТВ, клима со доплата 7 Еур/ден, тераси, сателитска телевизија. На секој 3 дена студијата се чистат. Истите се погодни за комфорен семеен одмор, дел со поглед на море, а дел од сместувачките единици се во сутерен, затоа ве молиме да се информирате во агенцијата каков тип резервирате.
Попусти за рана уплата
15% до 15.02.2025
10% до 28.02.2025
Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Доплата за автобуски превоз 70 Еур возрасни – Скопје, Велес, Кавадарци, Охрид, Струга Ресен, Прилеп.
Битола 60 Еур.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена. Клима 7 Еур/ден.
За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. Попустите не може да се комбинирааат.
Туристичката такса се плаќа на рецепција.
Важат Општите услови за патување на СКТМ.
Вилата се состои од 12 сместувачки единици по следниот распоред:
-број 1 и број 3 (тип на соба 3+1) сместени на сутерен, опремени со кујна, тераса на задната и предната страна, сопствено купатило;
-број 2 (тип на соба 1/2) сместена на сутерен, опремена со кујна, тераса на задната и предната страна, сопствено купатило;
-број 4 (тип на соба 2+1) сместена на 1 спрат опремена со кујна, тераса, сопствено купатило;
-број 5 и 6 (тип на соба 1/2) сместени на 1 спрат, опремени со мини чајна кујна, додека главната кујна е заедничка за двете соби. Имаат тераса, сопствено купатило;
-број 7 (тип на соба 1/4) сместена на 1 спрат, опремена со кујна, тераса, сопствено купатило;
-број 8 и 9 (тип на соба 1/2) сместени на 2 спрат, опремени со кујна, имаат тераса, сопствено купатило;
-број 10 и 11 (тип на соба 1/4) сместени на приземје, опремени со кујна, тераса со поглед кон улицата, сопствено купатило;
-број 12 (тип на соба апартман 1/4) сместено на ниско приземје, опремено со кујна, тераса на задната страна и 4 засебни кревети, сопствено купатило.
Време на поаѓање кон Грција:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
Време на заминување од Грција:
(времињата се по GR време)
Агиос Никитас 13.30 часот
Нидри 14.00 часот
Никиана 14.30 часот
Канали 15.00 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 16.00 часот
Парга 16.30 часот
Напомна: Заради зголемен обем на сообраќај во сезона, некогаш не е можно да се запазат предвидените времиња на пристигање и поаѓање.