fbpx

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови, игралишта, таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос - Јерисос. Во местото има супермаркети – Лидл, парфимерии и автентични грчки музеи.

Вила КЛЕОПАТРА е лоцирана на самата плажа, модерно опремена вила и реновирана 2024 година. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, во апартманите има големи фрижидери и плотна со 2 рингли. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Секоја соба има клима уред и тв.

Цените за термините (14.05; 21.05; 28.05; 04.06; 03.09; 10.09 и 17.09.2026) означени со ѕвездичка * во табелата се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7 ноќи со вклучен автобуски превоз. Останатите цени за дадените смени се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќи.

-За пакет аранжман во АПАРТМАН плаќаат минимум 2 лица;
-трето, четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 60€ за возрасен или 40€ за дете од 02 - 12 години;
- дете до 1,99 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

Користење на паркинг, клима и WI-FI е бесплатно
Вилата има паркинг и гостите го користат на принцип прво слободно место

7% попуст, за уплата на 70% до 20.11.2026.

Цените за пакет се со вкалкулиран попуст

ПЕРИОД
МАЈ - ЈУНИ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ АВГУСТ-СЕПТЕМВРИ
14* 21* 28* 04* 11 18 25 2 9 16 23 30 6 13 20 27* 03* 10* 17*
НОЌЕВАЊА 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
Апартман 1/2+1/2+1
бр.1 и бр. 3
макс. 1/2+1/2
страничен поглед на море
89 149 169 209 519 579 619 669 699 699 709 709 699 699 669 279 239 199 139
Апартман 1/2+1/2
бр.2
макс. 4 лицa
директен поглед на море
99 159 189 219 539 599 639 689 719 719 739 739 719 719 689 299 249 209 149

НАПОМЕНИ:

- Минимум 48 часа пред патување патниците треба да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
- Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и ДУПЛЕКСОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

Апартманите имаат крпи, тоалетна хартија и сапун

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
60€ за возрасни – повратна карта
40€ за деца до 12 години – повратна карта;
40€ за возрасни или дете – карта во еден правец;
20€ за прв ред на седиште;
10€ за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:00 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР - 25 € ПО ЛИЦЕ - ОД ПРИЛЕП И 30 ОД БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

Вила КЛЕОПАТРА - ЈЕРИСОС (ОПИС НА АПАРТМАНИ)

Високо приземје
АПАРТМАН БР.1 (1/2)+(1/2)+1 дете до 6 год. 5 ЛИЦА

Апартманот се наоѓа на високо приземје.
Во кујната има дупол кревет комотен за спиење на 2 возрасни лица.Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли,голем фрижидер и комплетен кујнски инвентар.Во кујната има Тв и маса за ручавање.Спалната соба има еден дупол кревет(француски) комотен за спиење на 2 возрасни лица.Апартманот има плакар за алишта и клима уред.Има сопствено купатило и WC.Излегува на тераса со страничен поглед на море.

Прв кат
АПАРТМАН БР.2 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА
Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување под поединечниот. Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар.Во кујната има маса, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупол кревет (француски), плакар за алишта. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со директен поглед на море.

АПАРТМАН БР.3 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА
Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување. Кујната е опремена вградена плотна со две рингли, голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар. Во кујната има маса, ТВ и клима уред. Спалната соба е со дупол кревет (француски), плакар за алишта. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со страничен поглед на море.

Прочитано 7911 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top