Вила Алекс Лукс е нова вила, изградена во 2022 година, сместена на само 30 м од плажа во Полихроно. Вилата нуди едноспални апартмани за 4 или 6 лица, целосно опремени и погодни за семејства.
Содржина на апартманите:
•Кујнски прибор за готвење
•Маса и столчиња на тераса за седење
•ТВ
•Клима и Wi-Fi (вклучени во цената)
•Паркинг за ограничен број возила, во зависност од расположливост
Распоред и типови на апартмани:
•Апартмани за 4 лица (четворокреветни)
oЛоцирани на прв спрат (бр. 5, 6, 7, 8) или втор спрат (бр.9, 10, 11, 12)
oСе состојат од две простории:
Спална со двоен кревет
Дневен престој со кујна и софа на отворање за 2 лица (150см)
•Апартмани за 6 лица (5+1)
oЛоцирани на приземје (бр.1, 2, 3, 4)
oСе состојат од две простории:
Спална со двоен кревет и креветчиња на спрат
Дневен престој со кујна и софа на отворање за 2 лица (150см)
Промо термини
•Првите два и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2025, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.01.2026
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2026, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.03.2026
-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.03.2026, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.04.2026
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
•Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
•Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
•Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 50еур по лице
•Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
•Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
•Битола -(Спортска сала) – 45еур по лице
•Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
•Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
•Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
•Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
*За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
*попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети)
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
