fbpx

Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море.

Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба), 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба). Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата.
• Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa;
• Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса

10% попуст на сите термини, до 25.12.2026
Уплата 50% од износот на аранжманот
Доплата до 25.02.2027

ПОЛУ ПАНСИОН НОЌИ 1/3 1/3 1/4 1/4 1/5
ТЕРМИН   Приземје Стандард Студио Апартман Апартман
22.05 7 255 290 345 365 395
29.05 7 295 340 390 420 450
5.06 7 355 380 445 475 505
12.06 7 390 430 505 535 565
19.06 7 425 465 535 555 590
26.06 7 470 495 560 590 625
3.07 7 495 535 620 645 680
10.07 7 560 595 655 685 725
17.07 7 560 595 655 685 725
24.07 7 560 595 655 685 725
31.07 7 560 595 655 685 725
7.08 7 560 595 655 685 725
14.08 7 560 595 655 685 725
21.08 7 530 570 635 650 680
28.08 7 455 495 530 545 590
4.09 7 410 425 485 505 565
11.09 7 330 350 425 440 500
18.09 7 300 310 360 385 410

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
• За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА:
• 10% попуст на сите термини, до 25.12.2026
• Уплата 50% од износот на аранжманот
• Доплата до 25.02.2027
• Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

НАПОМЕНА:
• Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7
ноќевања;
• Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на кревети, и едно дете кое нема да користи кревет, на возраст до максимум 5,99 години.
• Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман'' од
0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
• Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
• Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО
• Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената
• Второ и трето дете во 1/5 Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно
легло, плакаат по 20% од цената за возрасен
• Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
• Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло - БЕСПЛАТНО
• Втора, трета, четврта и петта возрасна особа над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
• Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот;
• Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
• Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
• Бебешко креветче (BABY COT) – на барање со доплата, 3 еур. на ден.
• Сместување во собите е по 15:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
• За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
• Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари;

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
• 60 € возрасни (повратен билет), 45 € возрасни (eден правец)
• 45 € деца од 2 - 12 години(повратен билет), 40 € деца од 2 - 12 години(еден правец
• БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

 

 

  • Локација:
Прочитано 3413 пати

Поврзани понуди

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top