fbpx

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, островот е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.
Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе ви овозможат да го истражите и доживеете овој остров во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.
Британскиот весник „Тајмс“ неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Сместување – Alkmene Studios
Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на Скијатос се одалечени околу 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на приближно 200 метри. Автобуската станица до другите плажи на островот е на околу 100 метри.
Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер и клима уред. Вилата располага со двокреветни студиа со два единечни или еден брачен кревет.

7 ноќевања – 8 дена во Alkmene Studios (цени по лице, со вклучен превоз Скопје–Волос–Скијатос–Волос–Скопје)

Термин Редовна цена по лице Промо цена по лице
21.05.2026 – 28.05.2026 132€ 89€
28.05.2026 – 04.06.2026 150€ 109€
04.06.2026 – 11.06.2026 174€ 122€
11.06.2026 – 18.06.2026 198€ 145€
18.06.2026 – 25.06.2026 222€ 185€
25.06.2026 – 02.07.2026 239€ 199€
02.07.2026 – 09.07.2026 263€ 214€
09.07.2026 – 16.07.2026 299€ 225€
16.07.2026 – 23.07.2026 299€ 225€
23.07.2026 – 30.07.2026 299€ 225€
30.07.2026 – 06.08.2026 299€ 225€
06.08.2026 – 13.08.2026 299€ 225€
13.08.2026 – 20.08.2026 299€ 225€
20.08.2026 – 27.08.2026 299€ 225€
27.08.2026 – 03.09.2026 239€ 199€
03.09.2026 – 10.09.2026 215€ 185€
10.09.2026 – 17.09.2026 179€ 155€
17.09.2026 – 24.09.2026 155€ 119€
24.09.2026 – 01.10.2026 131€ 99€

Цените се изразени во евра. За уплата во денарска противвредност се користи курс: 1 € = 62 денари.

Што е вклучено во цената
7 ноќевања – 8 дена во Alkmene Studios (цени по лице).
Автобуски превоз на релација Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
Туристички пратител за време на патувањето.
Претставник од агенција за време на престојот.

Што не е вклучено во цената
Дополнителни 46 € – задолжителна доплата за билет за траект на релација Волос–Скијатос–Волос (се плаќа во автобус).
Патничко осигурување.
Факултативни излети.
Користење на клима (не е задолжително) – 7 € од ден, се плаќа на лице место при пристигнување.
Доплата за туристичка такса – 14 € од студио или апартман за 7 ноќи (задолжително, се плаќа кај газдите на вилата).

План и програма
Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток.
Поаѓањето е секоја среда навечер, а секој четврток е првиот ден од одмор.
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект-компанијата.

Важно
За споен термин се сметаат ПРОМО цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
За промо цените не се одбива за превоз доколку патувате со сопствен превоз.
Во случај на уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +50% од редовната цена.
За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат.
За споен термин се одбива 15 € за превоз и се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените).
Полињата кои се со црвено во табелите означуваат зафатени студиа; полињата со зелено означуваат вкупно слободни студиа.
При резервација задолжително контактирајте на наведените телефони за слободни капацитети и тип на студио.
Телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку во тој рок нема потврда за уплата (канцеларија, жиро-сметка или online), резервацијата се смета за откажана.
За да резервирате со депозит, потребна е уплата од најмалку 30% од вкупната сума.
Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
Влегувањето во собите е после 14:00 часот по локално време, напуштањето на собите е во 09:00 часот по локално време.
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на реализација, организаторот го наплатува целокупниот износ (100%).
Доплата за туристичка такса – 10,5 € од студиото или апартманот за 7 ноќи (се плаќа во вилата кај сопствениците).
Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно бројот на легла.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат самите гости.
Кујните во сите студиа се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависат од давателот и техничките можности во регионот; агенцијата нема одговорност за квалитетот на интернет сигналот.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа.
Објектот располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку Ultra First, Last Minute, Black Friday или други промо-кампањи да ги објави и продаде слободните капацитети по цени различни од редовните во ценовникот.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разлика во цена во однос на промотивните понуди.
Локација на сместувањето: 39°09'53.9"N 23°29'07.9"E

Факултативни излети
Крстарење до Lalaria Beach и островот Skopelos
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава, плажата Лаларија е како рај на земјата – ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место кое чека да го посетите. Малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.

Оваа плажа е достапна само со бродче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Се посетува и островот Skopelos, како и црквата Agios Ioannis, позната по иконата св. Јован. На ова место, како и на островот Skopelos, се снимени голем број сцени од мјузиклот „Mamma Mia“. Крстарењето претставува целодневно уживање.

 
Прочитано 367 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top