Сместување: Ridos House 2027
Вилата Ридос располага со студиа на приземје,први и втор кат сите соби имаат балкон, голем „смарт“ телевизор и Wi-Fi. Исто така, опремени се со мала кујна која содржи фрижидер со замрзнувач, керамичка плоча за готвење, аспиратор, како и прибор за подготовка на храна и кафе и прибор за јадење. Креветите се пространи, со ширина од 1,60 м, а покрај нив има убави ноќни масички и ламби за читање со можност за полнење мобилни телефони. Сите соби располагаат со пространи и високи плакари и се опремени со инвертер клима-уреди.
Објектот се наоѓа на 10 метри од брегот и на 100 метри од големата плажа во Неос Мармарас.
Студио Д2 (приземје): Студио Д2 се наоѓа на приземје. Ова студио дели заедничка тераса и заден двор со друго студио. Тука се наоѓа простор за скара долг околу 5 метри, опремен со печка, мијалник и трпезариска маса за 10-12 лица. Исто така, има 4 дрвени лежалки со помошни масички, како и аголна дрвена гарнитура за седење. Студиото е приближно 35 м². Опремено е со голема кујна и гардеробер со должина од 1,60 метри. Бањата располага со туш со двојни столбови. Во предниот дел се наоѓа дневниот простор со кревет и софи. Можат да се сместат до 4 лица.
Студио 102 (прв спрат): Студио број 102 се наоѓа на прв спрат и е свртено кон задниот двор, уредено според принципите на модерниот дизајн. Во студиото може да сместат до 4 лица – две возрасни на брачниот кревет и 2 деца до 11,99години на софата на развлекување.
Студио 104 (прв спрат): Студио број 104 се наоѓа на прв спрат и е свртено кон задниот двор, уредено според принципите на модерниот дизајн. Во студиото може да сместат до 4 лица – две возрасни на брачниот кревет и 2 деца до 11,99години на софата на развлекување.
Студио 202 (втор спрат): Студио 202 се наоѓа на втор спрат и е свртено кон задниот двор, уредено според принципите на модерниот дизајн. Во студиото може да сместат до 4 лица – две возрасни на брачниот кревет и 2 деца до 11,99 години на софата на развлекување (2 возрасни лица и 2 деца до 11,99 години).
Мазонет 201 (втор спрат): Собата 201 е мезонет (апартман на две нивоа). Се наоѓа на 2 спрат. На долното ниво има балкон и пространа дневна соба со импресивна аголна гарнитура, која може да се развлече и на неа да спијат најмалку 2 лица. Исто така, тука се наоѓаат голема кујна, трпезариска маса, голем телевизор и импресивна бања. На горното ниво од мезонетите се наоѓа брачен кревет, како и аголна гарнитура, голем телевизор и голем плакар. Просторот е покриен со дрвен таван (од топола) и е осветлен и проветрен преку страничен прозорец. Во мезонетот можат да спијат 4 возрасни лица и две деца до 11,99
Вклучено во цената
Сместување во Студио за 7 ноќи (НАЕМ)
Клима уред
Не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Турситичка такса по соба
-Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија за возрасен повратен билет 60 еур / 55 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 50Еур / 45 еур во еден правец
????? ???????? ПРОМОТИВНИТЕ ПОПУСТИ ВАЖАТ ИСКЛУЧИВО ПРИ ЦЕЛОСНА УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
Попустите Не се комбинираат.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
За ова патување важат општите услови на организаторот
ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ПАТНИК, СЕ ЗАДРЖУВА 15 ЕВРА ОД НАПРАВЕНАТА УПЛАТА.
