fbpx

Лето на Сардинија - Италија 2026

  • Понудата е објавена на 07/04/2026

 Сардинија е една од најексклузивните дестинации на европската туристичка мапа. Ексклузивноста на островот првенствено се карактеризира со неверојатни плажи со бел песок, кристално море, карпестото крајбрежје и недопрената природа. Покрај прекрасните плажи и чистото море, треба да го посетите и главниот град и најголемиот град Каљари, кој е полн со ресторани, барови и продавници, па урбаната забава е загарантирана. Една од најубавите плажи на островот е Ла Пелоса, која се вбројува во топ 10 најубави плажи во светот. Често е нарекувана “Европски Кариби”, и се наоѓа на само 20 км од градчето Порто Торес кадешто се наоѓа нашето сместување. Вистински симбол на градот Порто Торес е, Арагонската кула се наоѓа веднаш надвор од туристичкото пристаниште. Кулата е висока 14 метри и широка 13 метри, со карактеристична осумаголна форма, и датира од шпанско време.

Плажата Балаи е мал залив карактеризиран со плитко песочно дно со интензивно сини води. Од двете страни на брегот се издигаат високи карпи каде што најхрабрите обично се искачуваат и покажуваат акробатски скокови. Околу плажата е навистина зелена градина од палми и цвеќиња. Со малата црква Балаи во позадина ќе се чувствувате како во разгледница!

Плажата Ла Пелоса е заштитена од силни ветрови со островот Асинара, обезбедувајќи топло и удобно време долж крајбрежјето во текот на целата година. Сезоната започнува во мај и се протега до крајот на октомври, а врвот на туристичката активност е во јули и август. Пристапот до плажата е едноставен од градот Стинтино на северозапад од Сардинија, со шатл-автобуси кои обезбедуваат превоз до плажата. Порто Черво, најлуксузното катче на островот Сардинија. Храната на Сардинија е карактеристична за италијанскиот Медитеран, и цените се релативно прифатливи за туристите од регионот. Еспресо во кафуле чини околу 1,2 до 1,5 евра, пица „маргарита“ од 7 до 9 евра, а порција паста околу 10 до 15 евра. Локалните „тратории“ нудат целосно мени за 18 до 25 евра.


Хотел со 3* во Porto Torres

Термин (Од - До) Тип на соба Услуга Статус Цена по лице (ЕУР)
21.07.2026 - 28.07.2026 1/2 Standard room BB Слободно 1,099.00 € 899.00 €
28.07.2026 - 04.08.2026 1/2 Standard room BB Слободно 1,199.00 € 999.00 €
04.08.2026 - 11.08.2026 1/2 Standard room BB Слободно 1,249.00 € 1,049.00 €
15.08.2026 - 22.08.2026 1/2 Standard room BB Слободно 1,149.00 € 949.00 €
18.08.2026 - 25.08.2026 1/2 Standard room BB Слободно 1,149.00 € 949.00 €
22.08.2026 - 29.08.2026 1/2 Standard room BB Слободно 1,099.00 € 899.00 €


ПРВ ДЕН
Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа перед полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Алгеро, организиран трансфер до хотелот и сместување.
Летот за првиот термин е во 18:10ч од Скопје.
Летот за вториот термин е во 18:10ч од Скопје.
Летот за третиот термин е во 18:10ч од Скопје.
Летот за четвртиот термин е во 19:35ч од Скопје.
Летот за петтиот термин е во 18:10ч од Скопје.
Летот за шесттиот термин е во 19:35ч од Скопје.

ВТОР-СЕДМИ ДЕН
Овие денови се предвидени за уживање и индивидуални активности. Наша препорака е да ја посетите плажата Ла Пелоса која е една од најубавите плажи на островот и се вбројува во топ 10 најубави плажи во светот. Често е нарекувана “Европски Кариби”, и се наоѓа на само 20 км од градчето Порто Торес кадешто се наоѓа нашето сместување. Плажата е заштитена од силни ветрови со островот Асинара, обезбедувајќи топло и удобно време долж крајбрежјето во текот на целата година. Порто Черво, е најлуксузното катче на островот Сардинија кое исто така не треба да го заобиколите. Посетата е повеќе од препорачана.

ОСМИ ДЕН
По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот.
Летот за првиот термин е во 20:50ч од Алгеро.
Летот за вториот термин е во 20:50ч од Алгеро.
Летот за третиот термин е во 20:50ч од Алгеро.
Летот за четвртиот термин е во 22:15ч од Алгеро.
Летот за петтиот термин е во 20:50ч од Алгеро.
Летот за шесттиотт термин е во 22:15ч од Алгеро.
Пристигнување во Скопје

Важно
Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена;
Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци;
Сместувањето е во само 1/2 тип на соби (се сместуваат две лица)
Доколку се сместат 1 возрасен и 1 дете до 11,99 год се плаќаат две цели промо цени – дополнителен попуст за деца нема.

Што е вклучено во цената
7 ноќевања на база на BB ( појадок ); хотел со 3* во Порто Торес
Директен лет на релација : Скопје – Aлгеро – Скопје;
Рачен багаж до 8кг – ( Wizz Air димензии 40x30x20 );
Трансфер од аеродром до хотел и назад ;

Што не е вклучено во цената
Доплата за кабински и чекиран багаж ( информации и плаќање во агенција);
Туристичка такса ( се плаќа на лице место);
Индивидуални трошоци;
Патничко осигурување;
Нема еднокреветна соба.
Факултативни излети дополнително.

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top