Вила Gyalos Beach има одлична локација во Неос Мармарас на вториот крак. На само 50м од најубавата плажа на Неос Мармарас, кај фудбалското игралиште. Од содржини располага со двор, веранда и скара, нема свој паркинг, гостите ги оставаат својте возила пред самиот објект. Има вкупно 7 студија од кои: 5 модерно опремени двокреветни (4 со директен поглед кон море и 1 со директен поглед кон планина и странично кон море обележан во ценовникот со SSV) и 2 четворокреветни студија на приземје. Сите се опремени со соодветен мебел, клима (доплата 5 евра од ден за користење директно на сопственикот), интернет Wi-Fi, ТВ, комарник, тоалет, балкон/тераса, мини кујна, мала и голема крпа/пешкир по лице. Вилата е одличен избор за фамилии и парови кој сакаат да се блиску до одлична плажа и градски содржини во модерно опремени соби.
Локација/ Кординати: 40.091626, 23.790781
BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
До 30% попуст за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ
Сместување и содржини
Вилата располага со 9 студија:
- 5 двокреветни студија:четири со поглед кон морето и едно со поглед кон планината и страничен поглед кон морето;
- 2 трикреветни студија на приземје;
- 2 четирикреветни студија.
Студијата располагаат со:
- Сопствена бања со туш;
- Мини-кујна со фрижидер и основен прибор за подготовка на лесни јадења;
- Телевизор;
- Wi-Fi интернет;
- Клима-уред, со дополнителна доплата;
- Комарници;
- Балкон или тераса;
- Постелнина и пешкири.
Во објектот има можност за користење скара. Вилата нема сопствен паркинг.
Категории во ценовникот
- STD 1/2 SSV– двокреветно студио со страничен поглед кон морето;
- STD 1/2 SV – двокреветно студио со поглед кон морето;
- STD 1/3 – трикреветно студио;
- STD 1/4– четирикреветно студио.
Услуга и хигиена
Сместувањето е на база наем на студио, без оброци. Постелнината и пешкирите се обезбедени и се менуваат според организацијата на објектот. Секојдневната хигиена во студиото за време на престојот ја одржуваат гостите.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- 7 ноќевања во избраната категорија студио;
- Користење на опремата и содржините во студиото, освен услугите за кои е наведена доплата;
- Постелнина и пешкири.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Автобуски превоз;
- Патничко осигурување;
- Користење клима-уред: 5 € на ден по студио;
- Туристичка такса: 14 € по студио за престој од 7 ноќевања, која се плаќа во агенцијата;
- Оброци;
- Факултативни излети и влезници;
- Останати индивидуални трошоци.
*АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – СО ДОПЛАТА
Повратен автобуски превоз:
- Возрасни: 50 € по лице;
- Деца до 12 години: 40 € по лице;
- Деца до 2 години: бесплатно, без сопствено седиште.
Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата. Точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето.
ЦЕНИ И УСЛОВИ
- Цените се дадени за наем на цело студио за 7 ноќевања, согласно предвидениот капацитет.
- Автобускиот превоз не е вклучен во цените од табелата.
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
- Датумите во ценовникот го означуваат периодот на престој, од пристигнување до напуштање на студиото.
- При резервација се избира категоријата на сместување, според расположливоста.
- Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото.
- На веќе прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен промотивен попуст.
ПОПУСТ ЗА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ
За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена.
Овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
- Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на студијата е до 10:00 часот, по локално време.
- Кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Фотографиите прикажуваат повеќе студија и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот и распоредот може да се разликуваат меѓу студијата.
- Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови.
- За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
- Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
- Секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
- Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.
- За аранжманот важат Општите услови за патување и Правните напомени на организаторот
