ОДМОР ВО ЕГИПЕТ – ХУРГАДА
Хургада е едно од најпознатите и најатрактивните летувалишта во Египет, сместено на западниот брег на Црвеното Море, на африканско тло. Позната по своето топло и кристално чисто море, прекрасните песочни плажи и сончевото време во текот на целата година, Хургада претставува идеална дестинација за незаборавен одмор.
Градот нуди богата туристичка содржина со бројни ресторани, продавници, барови, кафулиња и места за вечерна забава. Особена атракција е неверојатно богатиот подводен свет на Црвеното Море, кој ја прави Хургада вистински рај за љубителите на нуркањето, снорклингот и останатите водени спортови.
Посебно доживување претставуваат излетите до блиските корални острови, со прекрасни бели песочни плажи, тиркизно море и фасцинантен подводен свет.
Покрај уживањето во луксузните хотелски комплекси и All Inclusive услугата, Хургада е одлична почетна точка за организирање незаборавни екскурзии до Каиро, пирамидите во Гиза и величествените древни храмови во Луксор.
Од некогашно мало рибарско место, Хургада прерасна во модерна и една од најпосетуваните туристички дестинации во Египет, со десетици километри прекрасно уредено крајбрежје.
СО САМА ХОЛИДЕЈ – ВАШИОТ ОДМОР Е НАША ГРИЖА!
Голем избор на проверени хотели!
Локални претставници и 24-часовна асистенција!
Одлични цени и поволни услови на плаќање!
Долгогодишно искуство и докажана организација на летувања во Египет!
Ве водиме на прекрасни патувања уште од 1990 година!
Платамона, Platamonas, Platamonas Greece, приватно сместување Платамона, студија Платамона, апартмани Платамона, сместување Платамона, летување Платамона, одмор Платамона, Пиерија, планина Олимп, тврдина Платамона, плажи Платамона, летување Грција, Sama Holiday
