fbpx

Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот Св.Апостол Павле. Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м. Ваквата локација е одлична можност за соединување на планинскиот и езерскиот туризам. Хотелот располага со двокреветни соби, апартмани и претседателски апартман и истиот располага со базен, сауна, фитнес сала и спа услуги..

 

ХОТЕЛ СИЛЕКС 4* 2025
Еднокреветна соба
(ноќевање со појадок)
53€
Двокреветна соба
(ноќевање со појадок)
37€
Еднокреветна соба
(ноќевање со појадок и вечера)
65€
Двокреветна соба
(ноќевање со појадок и вечера)
47€

Во цените е вклучено:
Цените понудени во табелата се по лице со вклучени туристичка такса и ДДВ;
Деца до 6 години - 100% попуст;
Деца од 6 до 11 години - 50% попуст

Прочитано 7839 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 08.30 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top