Хотелот Макпетрол е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Недалеку е од Градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени.Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро.. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет.
Во цените е вклучено:
Цените понудени во табелата се по лице за ноќевање со појадок/ појадок со вечера, со вклучени туристичка такса и ДДВ;
Деца до 7 години - 100% попуст
Попуст за користење трето легло -30%
За престој од 6 и повеќе ноќи се пресметува -10% попуст
Во цените не е вклучено:
Доплата за полнпасансион 15 евра за возрасни