SOL Guadalupe е модерен хотел со 4 ѕвезди, лоциран во популарното летувалиште Магалуф, на само 250 метри од песочната плажа. Хотелот нуди идеална комбинација од релаксација, забава и активности за целото семејство.
Гостите можат да уживаат во големата лагунска базенска зона од 1.000 m² со хидромасажни делови, детски и бебешки базен, сончева тераса, како и разновидни спортски и забавни активности во текот на денот и вечерта.
Хотелот располага со светли и комфорни соби, ресторан со богата шведска маса и тематски вечери, како и бар покрај базенот. За најмладите гости има мини клуб со креативни работилници, игри и мини-диско.
Одличен избор за семеен одмор, со лесен пристап до плажата, продавниците, забавните содржини на Магалуф и атрактивниот Katmandu Park:
250 m од плажа
Голем лагунски базен од 1.000 m²
Детски базен и мини клуб за деца од 5 до 12 години
Спортски активности и вечерна забава
Богата шведска маса и тематски вечери
Попуст од 25% за Katmandu Park,
Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
Во цената е вклучено:
Авионски билет со лет од Тирана – Мајорка, со вклучени аеродромски такси
Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
7 ноќевања на база полу пансион
Напомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса
Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата
За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
Еднокреветна соба е на барање.
Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
Сите останати услови на патување важат според правилата на организаторот
