INNSiDE Alcudia е модерен хотел со 4 ѕвезди, сместен во едно од најубавите летувалишта на Мајорка – Порт де Алкудија, на само 100 метри од прекрасната песочна плажа со кристално чиста вода. Со современ дизајн, опуштена медитеранска атмосфера и разновидни содржини, хотелот е одличен избор за парови и семејства кои сакаат активен, но и релаксирачки одмор.
Хотелот располага со два надворешни базени, сончева тераса со Bali лежалки, модерен фитнес центар и Olita Spa Wellness Centre за целосна релаксација. За најмладите гости има Kids Club со креативни работилници, игри и забавни активности, како и посебна кино-сала за филмски вечери.
Гастрономската понуда вклучува ресторан со богата шведска маса и локални медитерански специјалитети, италијански ресторан Mascalzone, бар и Food Truck покрај базенот. Комфорните соби и пространи студија нудат пријатен амбиент за одмор по исполнет ден на островот.
Дополнителна предност е одличната локација за истражување на северниот дел на Мајорка, во близина на историскиот стар град Алкудија, природниот парк S’Albufera и спектакуларниот ‘ртот Форментор.
INNSiDE Alcudia е идеален избор за оние кои сакаат да ја доживеат Мајорка преку прекрасни плажи, локална гастрономија, активни содржини и модерен хотелски комфор.
100m од плажа
Два надворешни базени и Bali лежалки
Olita Spa Wellness Centre
Kids Club и кино-сала
Модерен фитнес центар со 24-часовен пристап
Италијански и медитерански ресторан
Пространи студија и соби
Одлична локација за истражување на северна Мајорка
Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
Еднокреветна соба е на барање.
Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
Сите останати услови на патување важат според правилата на организаторот
Во цената е вклучено:
Авионски билет со лет од Тирана – Мајорка, со вклучени аеродромски такси
Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
7 ноќевања на база полупансионНапомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса
Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата
