Meliá South Beach е елегантен хотел со 4 ѕвезди, сместен непосредно до прекрасната песочна плажа во Магалуф, во атрактивната област Calvià Beach. Со модерен дизајн, впечатливи базени и ексклузивна атмосфера, хотелот е одличен избор за гости кои бараат комбинација од луксуз, релаксација и медитеранско уживање.
Хотелот располага со шест базени, вклучувајќи базен наменет само за возрасни и ексклузивен базен за гостите на The Level, модерен фитнес центар и YHI Spa со загреан базен и релакс третмани. Гостите можат да уживаат во ресторани и beach club содржини, како и во комфорни соби и апартмани со прекрасен поглед кон морето.
Посебно доживување нуди The Level – премиум хотелска услуга со приватен Lounge, персонализирано внимание и ексклузивни привилегии. За семејствата, достапни се Mini Club за деца од 5 до 12 години и Baby Club за најмалите гости.
Дополнителна предност е програмата „Stay in One, Play in All“, која им овозможува на гостите да ги користат услугите и содржините во повеќе Meliá хотели во Calvià Beach Resort.
Meliá South Beach е совршен избор за стилски летен одмор, каде непосредната близина на морето се спојува со врвна услуга и вистинско медитеранско уживање.
Локација непосредно до плажа
Шест базени, вклучувајќи Adults Only базен
Ексклузивна The Level премиум услуга
YHI Spa со загреан базен и третмани
Beach Club и ресторани
Mini Club и Baby Club
Програма „Stay in One, Play in All“
Модерни соби и апартмани со поглед кон морето
Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
Еднокреветна соба е на барање.
Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
Сите останати услови на патување важат според правилата на организаторот
Во цената е вклучено:
Авионски билет со лет од Тирана – Мајорка, со вклучени аеродромски такси
Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
7 ноќевања на база полупансионНапомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса
Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата
