fbpx

Б А Р С Е Л О Н А - Christmas Market

„Град каде улиците зборуваат, морето слуша, а архитектурата сонува.“

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

05.12 (Сабота) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на еародромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување за Барселона во 12.35 и пристигнување во 15.30 часот. Организиран трансфер од аеродром до хотел и сместување. Попладневна прошетка за први впечатоци на Барселона, плоштадот Еспанија, прекрасните Магични фонтани, споменикот на Колумба и прошетка по Ла Рамбла.... Препорачуваме вечера со специјалитети на шпанска кујна, тапаси - мали порции од различни јадења кои најчесто се комбинираат со вино или пиво. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.

06.12 (Недела) БАРСЕЛОНА – Парк Гуел

Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал - главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија - централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла... Разгледот завршува со посета до паркот ‘Гуел’ - ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на UNESCO. Враќање со јавен превоз. Слободно попладне. Во вечерните часови посета на божиќен базар. Барселона го има еден од најстарите и најпознат божиќен базар со стотици штандови, ракотворби, украси и традиционални каталонски фигури. Во Барселона во декември, има неколку работи што реално вреди да ги пробаш, особено околу божиќните базари: чуроси - пржени стапчиња од тесто со густо топло чоколадо, пататас бравас - пржени компири со пикантен сос, крокети - кремасти, крцкави топчиња (со шунка, пилешко или сирење), морски плодови (лигњи, ракчиња)- свежи и многу популарни... Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

07.12 (Понеделник) БАРСЕЛОНА - Саграда Фамилија

Појадок. Препорачуваме денот да го посветите на ремек делата на архитект Антони Гауди. Саграда Фамилија, највпечатливото архитектонско ремек-дела во светот и препознатлив симбол на Барселона, создадена според визијата на славниот архитект Гауди, базиликата плени со своите величествени кули, богато украсени фасади и уникатен ентериер исполнет со светлина и бои. Каса Висенс, едно од првите значајни дела на славниот Гауди, куќата се издвојува со својата шарена фасада, богати декоративни детали и уникатна комбинација на различни архитектонски стилови, денес, Каса Висенс е дел од светското наследство на УНЕСКО и претставува прекрасно место за запознавање со почетоците на креативниот свет на Гауди. Ла Педрера, позната и како Каса Мила, е најнеобичната градби во Барселона, таа се препознава по својата брановидна камена фасада, уникатните балкони и впечатливата покривна тераса со необични оџаци. Ова архитектонско ремек-дело е дел од светското наследство на УНЕСКО и претставува прекрасен пример за креативноста и препознатливиот стил на Гауди. Каса Батљо, cместена на познатата авенија Пасеџ де Грасија, градбата привлекува внимание со својата фантастична фасада, живописни бои, необични форми и детали инспирирани од природата. Нејзиниот уникатен ентериер и препознатливиот покрив ја претвораат посетата во вистинско визуелно доживување и незаборавна средба со креативниот свет на Гауди. Во попладневните часови, препорачуваме посета на Аквариумот, еден од најголемите и најубавите во Европа, стадионот Камп Ноу, жичницата Монжуик која ви нуди уникатен панорамски поглед, да се види Барселона и нејзиното пристаниште со целоит раскош. Или повторно посета на божиќен базар. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

08.12 (Вторник) Шпанско село – СКОПЈЕ

Појадок. Препорачуваме посета на Шпанското село или „мини Шпанија“ во Барселона –отворен музеј со реплики на згради од различни региони, како да прошеташ низ повеќе градови одеднаш, архитектура од цела Шпанија, куќи, плоштади и улици инспирирани од Андалузија, Кастилја, Каталонија итн... Занаетчиски работилници, каде може да се види ако се прави стакло, керамика, накит... Музеи и изложби - уметнички простори со дела од шпански автори... Плоштади и улички за прошетка - многу фотогенично место со ресторани и барови каде може да се пробаат тапаси и традиционални јадења, вино и Cava - шпанско пенливо вино, многу слично на шампањ. Можност да седнете на плоштад и да јадете во мирна атмосфера. Може да се купат сувенири, рачно изработена керамика, кожни производи, накит... Времето за престој не е ограничено, можете слободно цело претпладне да уживате во Шпански село. Или слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 16.00 часот и пристигнување во 18.45 часот.

Цена за рана уплата до : 559 евра (34.660 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 евра (37.140 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје

Рачен багаж (1 торба / ранец со димензии 40х30х20см)

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона

Сместување во Moxy Barcelona 4* на база 3 ноќевања со појадок http://skr.rs/zEOD

Организиран панорамски разглед на Барселона и посета на паркот Гуел со локален водич

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса 1230 мкд (се плаќа на лице место)

Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж - куфер до 20кг,

*цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање

Карти за локален превоз (метро)

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 9.900 мкд

Факултативни излети:

Влезница за Шпанско село – 25 евра

Влезница за Саграда Фамилија - 40евра

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.

Едно дете до 12години плаќа 519 евра во придружба на две возрасни лица се сместува на дополнително легло.

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 18 патници.

При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување

Прочитано 1850 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник - петок 09.00-19.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top