fbpx

Градот на светлината – ПАРИЗ

ПАРИЗ – ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА СО ШАРМОТ НА ЕСЕНТА

Париз, градот кој го слави животот преку уметност, мода, гастрономија и бескрајна убавина. Ова патување е внимателно осмислено за да ви овозможи вистинско уживање: прошетки низ шармантните улици на Латинскиот кварт, фотографирање на најубавите точки околу Ајфеловата кула, уживање во кафе и кроасан во автентични париски бистроа, како и посета на најпознатите музеи каде што историјата и уметноста се преплетуваат.

Ќе го почувствувате духот на Монмартр – квартот на уметниците, ќе се искачите до Сакре-Кер со поглед кој го остава Париз под вашите нозе, а вечерите ќе ги поминувате меѓу светлата на Сена, уживајќи во француската кујна и атмосферата што никогаш не се заборава. Програмата вклучува вистинска комбинација меѓу организирани активности и слободно време – идеално за шопинг, прошетка по Шанзелизе или едноставно кафе пауза со фотографија „à la Parisienne“.

Ова не е само патување – ова е подарок за вас. Момент на уживање, инспирација, дружење и искуства кои ќе ве наполнат со позитивна енергија.

Термин               1/2 соба          1/3 соба
10.10 –  13.10     469€                 419€
05.11 –  08.11      399€                349€

 

Попуст за дете до 10,99 години – 50% на факултативните излети разглед и крстарење по реката Сена и 30 евра попуст на Дизниленд.

*** Целодневне разглед на Париз – 50е

Целокупна организација со стручен водич на сите најзначајни културно-историски знаменитости и туристички атракции во градот: : Монмартр со базиликата Свето Срце, Мулен Руж и живописниот Пигал, Катедралата Нотр Дам и Латинскиот кварт (од првиот ден), музејот Лувр со парковите Тилери, музејот Орсеј, плоштадот Конкорд, Палата на ивалиди, мостот Александар Трети, шармантната авенија Шанзелизе, Триумфалната капија, Трокадеро…

Во текот на активностите и првиот и вториот ден се користи париското метро за превоз на наведените локации во програмата (организација, стручен водич, потребните метро карти се вклучени во цената).

***Крстарење по реката Сена – 30е

Крстарење по реката Сена со панорамски брод како што е наведено во програмата на пристаништето кое се наоѓа во подножјето на Ајфеловата кула и една поинаква димензија за доживување на знаменитостите во градот кои се наоѓаат од двете страни на реката- дел кој беше место каде се движеа олимписките поворки и државни спортски делегации за време на отворањето на минатогодишните летни олимписки игри, чиј домакин беше градот Париз– влез-карта за брод.

***Парк Дизниленд – 150е

Со сигурност најпознатиот и најпосетуваниот тематски парк во светот, а тоа е Дизниленд. Опфаќа два тематски парка и тоа Disneyland Park и Walt Disney Studios Park со многубројни атракции и занимливости како

што се: Sleeping Beauty Castle, Big Thunder Mountain, Pirates of the Caribbean, Space Mountain, Ratatouille: The Adventure, Crush”s Coaster, Avengers Campust и многу други атракции во кои со сигурност посетителот ќе ужива. Парковите се исполнети со ресторани, кафулиња, шопинг зони итн. (Цената вклучува целодневна однапред резервирана влезница и логистичка организација на посетата во Disney Parc – се посетува еден парк по избор Disney Parc или Disney Studio и карти за јавен превоз метро и воз).

Напомена: за реализација на некои од факултативните излети потребни се минимум 10 лица

Напомена: Организаторот го задржува правото за промена во распоредот на излетите по денови согласно условите и организациско-техничките аспекти.

Програма
ПРВ ДЕН (05.11.2026 - ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ - ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред летот за check in, пасошки процедури и административни формалности. Полетувањето кон Париз е планирано за во 13:00 часот (слетување на аеродром Paris-Beauvais) со авиокомпанијата Wizz Air во 16:05 часот. Следува организиран трансфер од аеродром до хотелот и сместување. Следува слободно време за краток одмор. Во подоцните попладневни часови следува организирано заминување со јавен превоз кон катедралата Нотр Дам и живописниот Латински кварт. По содржајните приказни од нашиот водич можност за вечера и уживање во вечерниот париски шарм. Враќање во хотел. Ноќевање.
ВТОР ДЕН (06.11.2026 - ПЕТОК) - ПАРИЗ
Ден наменет за вистинско уживање и разглед на градот на светлината и романсата преку целодневна факултативна тура низ Париз со квалитетните и занимливи приказни на нашиот водич (се возиме со метро : Монмартр со базиликата Свето Срце, Мулен Руж и живописниот Пигал, музејот Лувр со неговото двориште и со парковите Тилери, музејот Орсеј, плоштадот Конкорд, Палата на ивалиди, мостот Александар Трети, шармантната авенија Шанзелизе, Триумфалната капија, Трокадеро... Вечерта, следува дополнителна можност за факултативна крстарење PARIS «by night» - Едночасовно романтично возење по реката Сена со панорамски брод «BATEAUX PARISIEN». Потоа следува можност за индивидуална факултативна посета на LE TOUR EIFFEL (Ајфеловата кула) со фасцинантна панорама на градот од величествена вечерна перспектива. Враќање во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (07.11.2026 - САБОТА) - ДИЗНИЛЕНД
Организиран факултативен излет и патување во „ЕВРО ДИЗНИЛЕНД ПАРК“, кој според анкетите на нашите претходни групи и патници во текот на изминатите 10 години, е избран за НАЈАТРАКТИВНА можност за уживање во нашата понуда. Голем број атракции за сите генерации... Посетете го најуникатниот забавен парк во Европа со неограничено користење на сите атракции и присуство на шоу програми, како и посебната парада на ликовите од цртаните филмови согласно дневните распореди во забавниот парк... Не пропуштајте ја можноста еднаш годишно да заборавите на секојдневието и да уживате во убавините на овој парк... По целодневниот престој и уникатното доживување следува враќање во хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (08.11.2026 - НЕДЕЛА) – ПАРИЗ - СКОПЈЕ
Одјавување од хотелот и слободно време. Следува организиран трансфер до аеродромот. Летот за Скопје е планиран за во 14:55 часот, пристигнувањето во Скопје е планирано во 17:40 часот. Крај на програмата.

Вклучено
Цената вклучува:
Повратна авионска карта на релација Скопје-Париз-Скопје со компанијата Wizz Air,
Аеродромски такси, багаж со димензии на ранец 40x20x25cm,
Организирани трансфери аеродром-хотел-аеродром,
3 ноќевања во хотел IBIS Aubervillier 2* или хотел со слични карактеристики и категоризација,
Комплетна организација со стручен водич (на формирана група од минимум 15 патници)

Во цената не е вклучено:
Патничко здравствено осигурување,
Туристичка такса во хотелот 15 евра по лице за целиот престој,
Доплата за еднокреветна соба – 120 евра
Организирани факултативни излети и влезници

 

 

 

Прочитано 2313 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.00

Top