ДоломитСКИ Ретрит – Италија
Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која заслужено се смета за една од најдобрите скијачки региони во светот – идеална за оние што бараат разновидност и врвно ски-искуство.
Од почетници кои сакаат безгрижно да ги направат своите први чекори на снег, до семејства со деца кои бараат безбедна и пријатна средина, па сè до искусни скијачи и ѕвезди на Светскиот куп кои бараат динамични падини и вистински спортски предизвик – Доломитите нудат нешто за секого.
Скијањето овде значи уживање на легендарните патеки на Мармолада, како и на бројните поврзани скијачки центри, со вкупно над 1.200 км патеки и 30 снежни паркови. Сето тоа поддржано од модерни жичари, совршено уредени терени и беспрекорна инфраструктура.
Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, веднаш до прекрасните скијачки стази на Доломитите, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор.
Нашиот искусен тим од Holiyay Travel ќе се погрижи за секој детал – од организација и логистика до дружење и активности, со цел да ви овозможиме не само патување, туку и вистинско зимско доживување.
Термини:
07.01 – 15.01.2027
13.01 - 21.01.2027
14.02-22.02.2027
07.01.2027
Собир на група и тргнување од Скопје во 17.00 часот со автобуски превоз
Ноќно возење
08.01.2027
Пристигнување во Фалкаде
Сместување во хотел (после 15.00 часот)
Помош при купување ски карти и ски рент
Вечера во хотел и ноќевање
09.01 - 13.01.2027
Појадок во хотел
Индивидуални активности/Ски активности
Вечера
Слободни активности
Вечера во хотел и ноќевање
14.01.2027
Појадок во хотел
Тргнување кон Скопје
15.01.2027
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови
Цена:
589€ за возрасно лице со организиран превоз
419€ за возрасно лице со сопствен превоз
499€ за дете од 03 – 12.99 години со организиран превоз
349€ за дете од 03 – 12.99 години со сопствен превоз
Во цената е вклучено:
Автобуски превоз на релација Скопје – Доломити – Скопје
6 ноќевања со појадок и вечера во хотел Орса Магиоре 3*
Превоз до ски стазите и назад ( освен за патниците кои што патуваат со сопствен превоз )
Претставник од агенцијата со цел објаснување и водење за целиот ски центар на Доломити
Доктор за прва помош за време на целата тура
Во цената не е вклучено:
Ски опрема
Ски карта
Туристичка такса 2 евра по лице на ден за возрасни ( плаќање во хотел )
Патничко осигурување
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зонаta
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД
