fbpx

Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Вила Џина се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија, како и 1/2+1 апартмани (со 2 единечни кревети во собата и кауч во кујната) и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, тераса, ТВ, клима уред и WiFi.

50% ПОПУСТ ЗА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА
Промоцијата важи само на 11.11.2026 од 09.00 до 18.00 часот
Попустот се пресметува исклучиво на сезонските цени.

Плаќање и резервација:
За потврда на резервацијата, задолжителна е целосна уплата на износот со пресметан попуст.
Усни резервации не се прифаќаат.
Важи принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Бројот на апартмани е ограничен.
По потврдувањето на резервацијата, не е дозволена промена на терминот на престојот или на името на патникот

Услови за отказ:

При отказ на аранжманот повеќе од еден месец пред поаѓањето (до 30дена), се задржуваат 10% од вредноста на аранжманот како трошок за отказ, односно не се применуваат стандардните услови објавени на ВЕБ страната.
При отказ помалку од 29 дена пред поаѓањето, се применуваат стандардните услови за патување

Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.

ВОНСЕЗОНСКИ
ТЕРМИН НАЕМ 1/2 стд 1/2+1aпп и 1/3стд 1/4 апп Доплата за 3то и 4то лице
23.05 7 ноќи *109 € *109 € *109 € *60 €
30.05 7 ноќи *129 € *129 € *129 € *60 €
6.06 7 ноќи *149 € *149 € *149 € *60 €
13.06 7 ноќи *189 € *189 € *189 € *60 €
20.06 7 ноќи *239 € *239 € *239 € *60 €
СЕЗОНСКИ
27.06 7 ноќи 540€ 560€ 660€  
4.07 7 ноќи 560€ 590€ 690€  
11.07 7 ноќи 650€ 690€ 790€  
18.07 7 ноќи 690€ 730€ 830€  
25.07 7 ноќи 690€ 730€ 830€  
1.08 7 ноќи 690€ 730€ 830€  
8.08 7 ноќи 690€ 730€ 830€  
15.08 7 ноќи 650€ 690€ 790€  
22.08 7 ноќи 560€ 590€ 690€  
ВОНСЕЗОНСКИ
29.08 7 ноќи *239 € *239 € *239 € *60 €
5.09 7 ноќи *169 € *169 € *169 € *60 €
12.09 7 ноќи *149 € *149 € *149 € *60 €
19.09 7 ноќи *129 € *129 € *129 € *60 €

 

Плажи кои можете да ги посетите:
Градската плажа на Неос Мармарас – прекрасна песочна плажа со чиста вода, погодна за семејства со деца, со кафулиња и барови покрај брегот.

Парадисос (Paradisos Beach) – убава плажа на северната страна од градот, со мирна атмосфера, таверни и прекрасни зајдисонца.

Кохи (Kohi Beach) – атрактивна организирана плажа во областа на Порто Карас, идеална за уживање покрај тиркизното море.

Лагомандра (Lagomandra Beach) – една од најпознатите плажи во околината, со прекрасен песок, бистра вода и природна убавина.

Трипотамос (Tripotamos Beach) – долга плажа која е одличен избор за љубителите на помирни места.

Елија (Elia Beach) – прекрасно крајбрежје со мали заливи, борови дрвја и кристално чиста вода.

Што можете да посетите?

Прошетајте низ живописните улички на Неос Мармарас, уживајте во вечерната атмосфера на пристаништето, посетете го познатиот комплекс Порто Карас или откријте го традиционалното планинско село Партенонас, од каде се отвора прекрасен поглед кон морето. За љубителите на авантури, Неос Мармарас е одлична почетна точка за истражување на најубавите плажи и скриени заливи на Ситонија, како и за излети со брод низ прекрасниот Торонеоски Залив. Нашите вили во центарот се идеален избор за гости кои сакаат сè да им биде блиску – море, прошетки, ресторани, забава и вистинска грчка летна атмосфера!

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:
- Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) 23.05. – 20.06. / 29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено.

Во пакет аранжманите важи следново: за престој во апартман/дуплекс се наплаќа за најмалку три лица (2пати по цената на пакетот +60евра). При престој на четири лица плаќа и четвртото лице (2пати по цената на пакетот +2пати по 60евра).

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.
- Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

Цена за превоз:
Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€
деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час пред наведеното време.
Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот
Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 04:30 часот
Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 05:00 часот
Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 06:00 часот
Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА
ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа во агенција.
Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

Прочитано 10 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top