fbpx

Aqua Spa Termale 4* се наоѓа во прекрасен природен амбиент во околината на Нови Пазар, во регионот Рашка, познат по својата богата историја, природни убавини и традиција на бањски туризам. Комплексот нуди можност за одмор и релаксација во термалните базени со вода со температура од 34 до 36°C, што овозможува пријатно уживање и во текот на зимските месеци.

Термалната вода претставува главна атракција на комплексот и се користи за релаксација, одмор и благопријатно дејство врз организмот, додека мирната природна околина создава идеални услови за бегство од секојдневието. Престојот во Aqua Spa Termale е одлична можност да се спојат термален одмор, релаксација, природа и посета на Нови Пазар, град со препознатлив ориентален дух, богато културно-историско наследство и традиционална гастрономија.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

ПРВ ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) БИТОЛА ВЕЛЕС СКОПЈЕ – AQUA SPA TERMALE 4*

Состанок на групата во Битола во 02:45 часот. Поаѓање кон Скопје во 03:00 часот. Патувањето продолжува преку Велес, со организиран прием на патници од наведените градови. Поаѓање од Скопје во 05:00 часот, со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Aqua Spa Termale 4* околу пладне и сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на спа и велнес центарот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин, 18:00–22:00 часот машки термин и 22:00–24:00 часот бесплатен мешовит термин за нашата група. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) AQUA SPA TERMALE 4* – НОВИ ПАЗАР

Појадок. Полудневен факултативен излет со локален водич до Нови Пазар, со шопинг и разгледување на Градската тврдина, Алтун Алем џамијата и Амир-Агин хан. Слободно време за користење на спа и велнес центарот според програмата на хотелот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин и 18:00–22:00 часот машки термин. Хотелот дополнително нуди внатрешен и надворешен базен со топла термална вода, велнес и сауни (финска и парна), како и масажи со доплата. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) AQUA SPA TERMALE 4*

Појадок. По појадокот, слободно време за користење на спа и велнес центарот според програмата на хотелот: 10:00–15:00 часот мешовит термин, 15:00–18:00 часот женски термин и 18:00–22:00 часот машки термин. Вечера. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН – 08.12.2026 (ВТОРНИК) AQUA SPA TERMALE 4* – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

ПРОМО ЦЕНА ДО 01.11.2026 – 159€
РЕДОВНА ЦЕНА – 189€

Што е вклучено
Автобуски превоз на наведената релација
Сместување во хотел AQUA SPA TERMALE 4*
3 ноќевања со појадок (шведска маса) и вечера (порција мени)
Користење на внатрешен и надворешен базен со топла термална вода и велнес-сауни (финска и парна)
Сместување во двокреветни соби
Туристички придружник за време на целото патување
Организиран превоз и прием на патници од Велес, Прилеп, Штип и Охрид
Организација на патувањето
Не е вклучено во цената
Факултативна посета на градот Нови Пазар – 10€ (доплата на лице место)
Патничко и здравствено осигурување


УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
За еднокреветна соба се доплаќа 45€.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето најдоцна 7 дена пред поаѓање, согласно Општите услови за патување.
За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 10 дена пред поаѓањето.
Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на НАТА

Прочитано 16 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник - петок 09.00-19.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top