fbpx

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО


Прв ден – 19.03.2026 (четврток) ПОАЃАЊЕ ОД СКОПЈЕ,ВЕЛЕС,НЕГОТИНО,КАВАДАРЦИ,ШТИП


Поаѓање од Велес во попладневните часови(околу 14ч).Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи.
Втор ден – 20.03.2026 (петок)
ТРСТ - DESIGNER OUTLET
Пристигнување во Трст во утринските часови. Разглед на градот и слободно време за индивидуална прошетка . По разглед се упатуваме кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Designer Outlet Noventa di Piave. Сместување во хотел. Ноќевање.
Трет ден – 21.03.2026 (сабота)
ВЕРОНА - МИЛАНО
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Потоа плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Плоштадот Piazza Duomo, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle, шопинг улица, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон Лидо во хотелот. Ноќевање.
Четврт ден – 22.03.2026 (недела)
ВЕНЕЦИЈА - ПОАЃАЊЕ
По појадок, и трансфер до пристаништето Пунта Сабиони. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Македонија.
Петти ден - 23.03.2026 (понеделник)
ПРИСТИГНУВАЊЕ
Пристигнување во Скопје/Велес во попладневните часови.(во зависност од гужвите на границите).

ПРОМО ЦЕНА
149 евра
со задолжителна резервација на пакетот факултативи 85 евра

РЕДОВНА ЦЕНА
189 евра
на аранжманот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло или областа Венето на база две ноќевања со појадок.
Автобуски превоз на наведените релации
Разгледи според програмата
Посета на Трст и Designer Outlet Noventa di Piave
Лиценциран придружник
Поаѓање од Велес,Кавадарци,Неготино,Штип,
Скопје,Куманово


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 5 евра по лице(се плаќа на лице место)
Задолжителна такса за влез во Венеција 5 евра (се плаќа на лице место)
Факлутативни излети
Патничко осигурување за целиот престој – инфо во агенција или во некоја осигурителна компанија
Влезници за локалитети (музеи, верски објекти)
Индивидуални трошоци

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:
Разглед на Венеција со водич (брод)
35 евра
Факултативна посета на Верона и Милано со водич
55 евра
ПАКЕТ со сите излети во вредност од 90 евра може да се купи по акциска цена од 85 евра при резервација во нашата канцеларија (плаќање во автобус).

ПОПУСТИ, ДОПЛАТИ И НАПОМЕНИ
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 30% при резервација, остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред поаѓање.
Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Дете од 02–10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10%
Возрасно лице на помошен кревет ја плаќа целата сума на аранжманот
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот
Доплата за бирање на седиште во автобус 20€ по лице (за минимум 2 лица)
Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 10 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ
Организаторот има право за отказ на патувањето до 10 дена пред патувањето во случај на недоволен број на пријавени.

Прочитано 1475 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top