fbpx

ПЕФКОХОРИ Вила ПАРТЕНИС

Пефкохори е едно од најпопуларните летувалишта на Касандра, првиот крак на Халкидики, познато по прекрасните плажи, кристално чистото море и автентичната медитеранска атмосфера.Местото се одликува со долга и уредена плажа, живописно шеталиште покрај морето и богата понуда на традиционални таверни, ресторани, кафулиња, продавници и beach bar-ови.Посебен шарм на Пефкохори му даваат тесните улички во стариот дел од местото, каде што може да се почувствува традиционалниот грчки дух. Во вечерните часови, шеталиштето оживува со пријатна атмосфера, музика и бројни можности за забава и релаксација.

Вила Партенис е сместена на одлична локација во популарното летувалиште Пефкохори, на само 120 метри од прекрасната плажа, во непосредна близина на супермаркетот „Масутис“.Благодарение на својата поволна местоположба, вилата овозможува лесен пристап до морето, како и до бројните ресторани, традиционални грчки таверни, кафулиња, продавници и други туристички содржини.Комплексот располага со прекрасно уреден двор, кој создава пријатна атмосфера за одмор и релаксација. Во дворот на гостите им се достапни простор за скара и надворешен туш, што претставува дополнителна погодност за време на летните денови.Вила Партенис нуди функционално опремени апартмани со одвоени простории, погодни за парови, семејства со деца и помали групи пријатели кои сакаат удобен престој во близина на плажата.

BLACK FIRDAY 15% за резервации направени до 27.11.
( 50% аванс и комплет доплата до 05.03.2027.)
*За сезонски и вонсезонски термин*


Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.
Задолжително плаќаат две лица

ВОНСЕЗОНСКИ
ТЕРМИН НАЕМ 1/2+1 апп 1/3+1 апп 1/4 апп
30.05 7 ноќи *169 € *199 € *199 €
6.06 7 ноќи *199 € *229 € *229 €
13.06 7 ноќи *229 € *259 € *259 €
20.06 7 ноќи *259 € *289 € *289 €
СЕЗОНСКИ
27.06 7 ноќи 640€ 670€ 690€
4.07 7 ноќи 670€ 710€ 730€
11.07 7 ноќи 750€ 830€ 850€
18.07 7 ноќи 750€ 830€ 850€
25.07 7 ноќи 750€ 830€ 850€
1.08 7 ноќи 750€ 830€ 850€
8.08 7 ноќи 750€ 830€ 850€
15.08 7 ноќи 750€ 830€ 850€
22.08 7 ноќи 690€ 770€ 790€
ВОНСЕЗОНСКИ
29.08 7 ноќи *259 € *289 € *289 €
5.09 7 ноќи *229 € *259 € *259 €
12.09 7 ноќи *199 € *229 € *229 €
19.09 7 ноќи *169 € *199 € *199 €



Сите апартмани располагаат со:
 Комплетно опремена кујна
 Посебна спална соба
 Сопствена бања
 Балкон
 Телевизор
 Wi-Fi интернет (достапен од 1 јуни)
 Клима-уред – со доплата на лице место


Распоред и опис на сместувачките единици:

Приземје
Апартман Б1 (1/4) – комфорен четворокреветен апартман сместен на приземје,со пространа тераса и поглед кон уредениот двор. Располага со две одвоени простории: спална соба со два единечни кревета и кујнски простор со
дополнителни два единечни кревета. Благодарение на практичниот распоред и големата тераса, претставува одличен избор за семејства со две деца или за четири лица.

Прв кат
Апартман Б4 (1/3+1) – апартман сместен на првиот кат, со голема тераса и поглед кон дворот. Составен е од две одвоени простории: спална соба со три единечни кревета и кујнски простор со софа, која служи како дополнително место за спиење. Погоден е за семејства со деца или група до четири лица.

Втор кат
Апартман Б6 (1/2+1) – функционално опремен апартман сместен на вториот кат. Располага со посебна спална соба со два единечни кревета и кујнски простор со софа, која може да се користи како дополнително место за спиење. Практичен избор за парови или семејство со едно дете.
Апартман Б7 (1/2+1) – апартман сместен на вториот кат, со пространа тераса со поглед кон улицата и страничен поглед кон морето. Составен е од спална соба со два единечни кревета и кујнски простор со софа за дополнително сместување. Големата тераса овозможува дополнителен простор за одмор и уживање во летната атмосфера.

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:
- Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) за термините 30.05. – 20.06. и 29.08. – 19.09.
Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. Во пакет аранжманите важи следново правило: за престој во апартман плаќаат најмалку 2 лица. Доколку престојуваат три или четири лица, истите плаќаат само превоз доколку користат.
За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.
- Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

Цена за превоз:
Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€
деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час порано:
Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот
Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 04:30 часот
Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 05:00 часот
Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 06:00 часот
Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа директно во објектот.
Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ
При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
Услови за откажување на First Minute и Last Minute резервации:
За сите резервации на аранжмани направени во рамки на First Minute и Last Minute понудите, важат следните услови за откажување:
- До 15 дена пред датумот на поаѓање: се наплатуваат пенали во висина од 50% од вкупната вредност на аранжманот.
- На помалку од 15 дена пред датумот на поаѓање: се применуваат одредбите за откажување согласно Општите услови на патување.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА
Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ
Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ
Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ
Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ
Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:
Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.
При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

 

Прочитано 16 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top