fbpx

Вила Амели се наоѓа во централниот дел на Лептокарија, на одлична локација, на само 180 метри од плажата. Благодарение на својата местоположба, вилата овозможува лесен пристап до морето, како и до бројните ресторани, традиционални грчки таверни, кафулиња, продавници и други туристички содржини што ги нуди ова популарно летувалиште.Вилата располага со комфорни трикреветни и четирикреветни студија, функционално организирани и опремени со основните удобности за пријатен престој. Студијата се погодни за парови, семејства со деца и помали групи пријатели што сакаат удобно сместување во близина на плажата.Секое студио претставува единствена просторија со простор за спиење и кујна, овозможувајќи им на гостите практичност и самостојност за време на летувањето..

BLACK FIRDAY 20% за резервации направени до 27.11.

( 50% аванс и комплет доплата до 05.03.2027.)

*За сезонски и вонсезонски термин*

Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.

Задолжително плаќаат две лица

ВОНСЕЗОНСКИ
Термин Ноќевања 1/3 стд 1/4 стд
23.05 7 ноќи *99 € *99 €
30.05 7 ноќи *119 € *119 €
6.06 7 ноќи *149 € *149 €
13.06 7 ноќи *169 € *169 €
20.06 7 ноќи *199 € *199 €
СЕЗОНСКИ
27.06 7 ноќи 449€ 479€
4.07 7 ноќи 489€ 519€
11.07 7 ноќи 529€ 559€
18.07 7 ноќи 529€ 569
25.07 7 ноќи 529€ 569
1.08 7 ноќи 529€ 569
8.08 7 ноќи 529€ 569
15.08 7 ноќи 529€ 569
22.08 7 ноќи 449€ 479
ВОНСЕЗОНСКИ
29.08 7 ноќи *199 € *199 €
5.09 7 ноќи *169 € *169 €
12.09 7 ноќи *129 € *129 €

 

Секое студио е опремено со:

 Кујна со основна опрема

 Сопствена бања

 Тераса

 Телевизор

 Клима-уред – со доплата


Распоред на студијата:

Трикреветно студио – 1/3-Функционално организирано студио со една просторија, во

која се наоѓаат еден брачен и еден единечен кревет.Студиото располага со кујна,

сопствена бања, тераса и телевизор.Погодно е за парови со дете или помали семејства

што сакаат пријатно и практично сместување за време на летувањето.

Четирикреветно студио –1/4-Комфорно студио со една просторија, во која се наоѓаат

два брачни кревета.Студиото располага со кујна, сопствена бања, тераса и телевизор

Погодно е за семејства со деца и помали групи пријатели, со капацитет за сместување

до четири лица.

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:

Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) за термините 30.05. – 20.06. и 29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. Во пакет аранжманите важи следново правило: за престој во студио плаќаат најмалку 2 лица. Доколку престојуваат три лица, теретото плаќа само превоз доколку користат.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.

Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.


Цена за превоз:

Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€

деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно


Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.

Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот

Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 04:30 часот

Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 05:00 часот

Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 06:00 часот

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.

Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа во Агенција.

Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.

Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.


ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.

Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.

На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.

Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.

Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.

Услови за откажување на First Minute и Last Minute резервации:

За сите резервации на аранжмани направени во рамки на First Minute и Last Minute понудите, важат следните услови за откажување:

До 15 дена пред датумот на поаѓање: се наплатуваат пенали во висина од 50% од вкупната вредност на аранжманот.

На помалку од 15 дена пред датумот на поаѓање: се применуваат одредбите за откажување согласно Општите услови на патување.


РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.

Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.

Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.


СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.

По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.

Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.


ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.

Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.


ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.

За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.

Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.

Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.


ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.

Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

 

Прочитано 14 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top