fbpx

Вила Амелија се наоѓа на одлична локација во Неи Пори, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Благодарение на својата местоположба, вилата овозможува брз и лесен пристап до морето, како и можност за уживање во бројните ресторани, традиционални грчки таверни, кафулиња и други туристички содржини што ги нуди ова популарно летувалиште.Вилата располага со комфорни трокреветни студија и пространи дуплекс апартмани, распоредени на високо приземје, прв и втор кат. Сместувачките единици се функционално организирани и опремени со сите основни удобности за пријатен престој, што ги прави погодни за парови, семејства со деца и поголеми семејства или групи пријатели.Посебна предност на вилата се пространите дуплекс апартмани со две одделни спални соби, кои овозможуваат дополнителен комфор и приватност за време на летувањето.Дел од сместувачките единици нудат поглед кон морето, додека останатите имаат поглед кон задната градина или задниот дел на вилата, овозможувајќи пријатна атмосфера за одмор и релаксација.Опис на студија и апартмани

 

BLACK FIRDAY 15% за резервации направени до 27.11.

( 50% аванс и комплет доплата до 05.03.2027.)

*За сезонски и вонсезонски термин*

Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.

Термин Ноќевања 1/3 СТД 1/5 и 1/6 ДУПЛЕКС
23.05 7 ноќи *109 € *139 €
30.05 7 ноќи *129 € *159 €
6.06 7 ноќи *169 € *199 €
13.06 7 ноќи *199 € *239 €
20.06 7 ноќи *239 € *279 €
27.06 7 ноќи 470€ 640€
4.07 7 ноќи 490€ 690€
11.07 7 ноќи 570€ 790€
18.07 7 ноќи 570€ 790€
25.07 7 ноќи 570€ 790€
1.08 7 ноќи 570€ 790€
8.08 7 ноќи 570€ 790€
15.08 7 ноќи 570€ 790€
22.08 7 ноќи 530€ 690€
29.08 7 ноќи *239 € *279 €
5.09 7 ноќи *199 € *239 €
12.09 7 ноќи *169 € *199 €
19.09 7 ноќи *149 € *179 €

Секое студио и апартман е опремено со:

 Комплетно опремена кујна

 Фрижидер

 Сопствена бања

 Балкон

 Телевизор

 Wi-Fi интернет (достапен од 1 јуни)

 Клима-уред – со доплата на лице место

Распоред на студијата и апартманите:

Високо приземје

Дуплекс апартман 1/6 бр. 101-Простран дуплекс апартман со две одделни спални соби,

погоден за поголеми семејства или групи пријатели.Во секоја спална соба се наоѓаат по

еден брачен и еден единечен кревет, со вкупен капацитет за шест лица.Благодарение на

распоредот со две спални соби, апартманот овозможува дополнителен комфор и

приватност за време на престојот.Апартманот располага со комплетно опремена кујна,

сопствена бања, балкон, телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со доплата.

Прв кат

Дуплекс апартман 1/5 бр. 204-Простран дуплекс апартман со две одделни спални соби,

функционално организиран за пријатен престој на поголеми семејства или групи

пријатели.Во првата спална соба се наоѓаат два единечни кревета, додека во втората

спална соба има два брачни кревета.Апартманот располага со пространа сопствена

бања, мала опремена кујна и балкон со поглед кон задната градина на

вилата.Дополнително е опремен со телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со доплата.

Дуплекс апартман 1/5 бр. 205-Комфорен дуплекс апартман со две одделни спални соби,

погоден за семејства со деца и групи пријатели.Во првата спална соба се наоѓаат еден

брачен и еден единечен кревет, додека во втората спална соба има еден брачен кревет,

со вкупен капацитет за пет лица.Апартманот располага со комплетно опремена кујна,

сопствена бања и балкон со поглед кон задната градина на вилата.Дополнително е

опремен со телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со доплата.

Втор кат

Студио бр. 305 – 1/3-Комфорно трокреветно студио со една просторија, во која се

наоѓаат еден брачен и еден единечен кревет, како и комплетно опремена кујна.Посебна

предност на ова студио е балконот со поглед кон морето, кој овозможува дополнително

уживање во прекрасната летна атмосфера.Студиото располага со сопствена бања,

телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со доплата.Погодно е за парови со дете или

помали семејства што сакаат пријатно сместување во непосредна близина на плажата.

Студија бр. 306, 307, 308, 309 и 310 – 1/3

Комфорни трокреветни студија со една просторија, во која се наоѓаат еден брачен и

еден единечен кревет, како и комплетно опремена кујна.Сите студија се наоѓаат на

вториот кат и располагаат со балкон со поглед кон задниот дел на вилата.Секое студио

има сопствена бања, телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со доплата.Благодарение

на функционалниот распоред и практичната опременост, студијата претставуваат

одличен избор за парови, семејства со деца и помали групи пријатели.

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:

- Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) за термините 30.05. – 20.06. и 29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. Во пакет аранжманите важи следново правило: за престој во апартман плаќаат најмалку 2 лица. Доколку престојуваат три или четири лица, истите плаќаат само превоз доколку користат.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.

- Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€

деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час порано.

Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот

Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 04:30 часот

Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 05:00 часот

Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 06:00 часот

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа директно во Агенција.
Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
Услови за откажување на First Minute и Last Minute резервации:
За сите резервации на аранжмани направени во рамки на First Minute и Last Minute понудите, важат следните услови за откажување:

- До 15 дена пред датумот на поаѓање: се наплатуваат пенали во висина од 50% од вкупната вредност на аранжманот.

- На помалку од 15 дена пред датумот на поаѓање: се применуваат одредбите за откажување согласно Општите услови на патување.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.
ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.
ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

 

Прочитано 12 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top