fbpx

Вила Христос се наоѓа на одлична локација во Неи Пори, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа. Благодарение на непосредната близина до морето, вилата претставува одличен избор за туристите што сакаат пријатен и релаксиран летен одмор, со можност за брз и лесен пристап до плажата.Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија, петкреветни апартмани и просторен шестокреветен дуплекс апартман. Сите сместувачки единици се наоѓаат на прв кат и се функционално организирани, со основните удобности за пријатен престој.Разновидноста на сместувачките единици ја прави Вила Христос погодна за парови, семејства со деца и поголеми семејства или групи пријатели.Посебна предност на вилата се пространите апартмани со одделни простории, кои овозможуваат дополнителен комфор и приватност за време на летувањето.

BLACK FIRDAY 15% за резервации направени до 27.11.

( 50% аванс и комплет доплата до 05.03.2027.)

*За сезонски и вонсезонски термин*

Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.

Задолжително плаќаат две лица

Термин Ноќевања 1/2 СТД 1/3 СТД 1/5 АПП 1/6 ДУПЛЕКС
23.05 7 ноќи *109 € *109 € *139 € *149 €
30.05 7 ноќи *129 € *129 € *159 € *169 €
6.06 7 ноќи *169 € *169 € *199 € *209 €
13.06 7 ноќи *199 € *199 € *229 € *239 €
20.06 7 ноќи *239 € *239 € *259 € *279 €
27.06 7 ноќи 450€ 470€ 660€ 680€
4.07 7 ноќи 470€ 490€ 720€ 740€
11.07 7 ноќи 550€ 570€ 830€ 850€
18.07 7 ноќи 550€ 570€ 830€ 850€
25.07 7 ноќи 550€ 570€ 830€ 850€
1.08 7 ноќи 550€ 570€ 830€ 850€
8.08 7 ноќи 550€ 570€ 830€ 850€
15.08 7 ноќи 550€ 570€ 830€ 850€
22.08 7 ноќи 510€ 530€ 720€ 740€
29.08 7 ноќи *239 € *239 € *259 € *279 €
5.09 7 ноќи *199 € *199 € *229 € *239 €
12.09 7 ноќи *169 € *169 € *199 € *209 €
19.09 7 ноќи *149 € *149 € *179 € *189 €

Секое студио и апартман е опремено со:

 Комплетно опремена кујна

 Фрижидер

 Сопствена бања

 Балкон

 Телевизор

 Wi-Fi интернет (достапен од 1 јуни)

 Клима-уред – со доплата на лице место

Распоред на студијата и апартманите:

Сите сместувачки единици се на првиот кат.

Дуплекс апартман бр. 1 – 1/6-Простран шестокреветен дуплекс апартман со три

одделни простории, погоден за поголеми семејства или групи пријатели.Апартманот

располага со две одделни спални соби, во кои има по еден брачен и еден единечен

кревет, како и посебна просторија со комплетно опремена кујна.Располага со сопствена

бања, балкон, телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со доплата.

Апартман бр. 2 – 1/5-Петкреветен апартман со две одделни простории,

функционално организиран за пријатен семеен одмор.Во првата просторија се наоѓаат

комплетно опремена кујна и еден брачен кревет, додека во втората, одделна спална

соба има еден брачен и еден единечен кревет.Апартманот располага со сопствена бања,

балкон, телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со доплата.

Апартман бр. 3 – 1/5-Апартман со две одделни простории, погоден за семејства со

деца и помали групи пријатели.Во првата просторија се наоѓаат комплетно опремена

кујна и еден брачен кревет, додека во одделната спална соба има два единечни

кревета.Апартманот располага со сопствена бања, балкон, телевизор, Wi-Fi интернет и

клима-уред со доплата.

Апартмани бр. 4 и 5 – 1/5-Пространи петкреветни апартмани со две одделни

простории, погодни за поголеми семејства и групи пријатели.Во првата просторија се

наоѓаат комплетно опремена кујна, еден брачен и еден единечен кревет, додека во

одделната спална соба има два единечни кревета.Посебна предност на овие апартмани

е тоа што секој располага со две сопствени бањи, овозможувајќи дополнителен

комфор и практичност за време на престојот.Апартманите располагаат и со балкон,

телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со доплата.

Студио бр. 6 – 1/3-Трокреветно студио со една просторија, во која се наоѓаат еден

брачен и еден единечен кревет, како и комплетно опремена кујна.Студиото располага

со сопствена бања, балкон, телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со

доплата.Претставува одличен избор за парови со дете или помали семејства.

Студио бр. 7 – 1/2-Двокреветно студио со една просторија, во која се наоѓаат два

единечни кревета и комплетно опремена кујна.Студиото располага со сопствена бања,

балкон, телевизор, Wi-Fi интернет и клима-уред со доплата.Погодно е за парови или

две лица што сакаат практично и пријатно сместување во непосредна близина на

плажата.

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:

- Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) за термините 30.05. – 20.06. и 29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. Во пакет аранжманите важи следново правило: за престој во апартман плаќаат најмалку 2 лица. Доколку престојуваат три или четири лица, истите плаќаат само превоз доколку користат.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.

- Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€

деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час порано.

Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот

Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 04:30 часот

Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 05:00 часот

Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 06:00 часот

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа во Агенција.
Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.
ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
Услови за откажување на First Minute и Last Minute резервации:
За сите резервации на аранжмани направени во рамки на First Minute и Last Minute понудите, важат следните услови за откажување:

- До 15 дена пред датумот на поаѓање: се наплатуваат пенали во висина од 50% од вкупната вредност на аранжманот.

- На помалку од 15 дена пред датумот на поаѓање: се применуваат одредбите за откажување согласно Општите услови на патување.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.
СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.
ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.
ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.
ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.
ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.


 

Прочитано 14 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top