fbpx

Вила Деспина се наоѓа во мирен дел на Платамона, во правец кон Неи Пори, на само 100 метри од песочната плажа. Благодарение на својата местоположба, вилата претставува одличен избор за туристите што сакаат пријатен и релаксиран летен одмор, со можност за брз и лесен пристап до морето.Вилата располага со трокреветни апартмани, апартмани 1/3+1 и просторен петкреветен дуплекс апартман.Сместувачките единици се функционално организирани и опремени со сите основни удобности за пријатен престој, што ги прави погодни за парови, семејства со деца и групи пријатели.Посебна предност на апартманите е опремената кујна со голем фрижидер и шпорет со рерна, што им овозможува на гостите дополнителна удобност и самостојност за време на летувањето.

BLACK FIRDAY 15% за резервации направени до 27.11.

( 50% аванс и комплет доплата до 05.03.2027.)

*За сезонски и вонсезонски термин*

Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.

Задолжително плаќаат две лица

Термин Ноќевања 1/3 апп 1/4 апп
23.05 7 ноќи *109 € *129 €
30.05 7 ноќи *129 € *149 €
6.06 7 ноќи *169 € *189 €
13.06 7 ноќи *199 € *219 €
20.06 7 ноќи *239 € *259 €
27.06 7 ноќи 470€ 470€
4.07 7 ноќи 490€ 490€
11.07 7 ноќи 570€ 570€
18.07 7 ноќи 570€ 570€
25.07 7 ноќи 570€ 570€
1.08 x x x
12.09 7 ноќи *169 € *189 €
19.09 7 ноќи *149 € *169 €

Секој апартман е опремен со:

 Опремена кујна

 Голем фрижидер

 Шпорет со рерна

 Сопствена бања

 Тераса

 Телевизор

 Клима-уред – со доплата

Распоред на апартманите:

Апартман бр. 5 – 1/3-Апартман со две одделни простории, функционално организиран

за пријатен престој.Во спалната соба се наоѓа еден брачен кревет, додека во втората

просторија им опремена кујна и софа на развлекување, погодна за едно возрасно лице

или две мали деца.Апартманот располага со сопствена бања, тераса, телевизор и

клима-уред со доплата.Дополнителна предност на овој апартман е машината за перење

алишта, која овозможува поголема удобност за време на престојот.

Апартман бр. 7 – 1/4-Апартман со две одделни простории, погоден за семејства со

деца и помали групи пријатели.Во спалната соба се наоѓаат еден брачен и еден

единечен кревет, додека во втората просторија има опремена кујна и софа на

развлекување, погодна за едно возрасно лице или две мали деца.Апартманот располага

со сопствена бања, тераса, телевизор и клима-уред со доплата.

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:

- Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) за термините 30.05. – 20.06. и 29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено. Во пакет аранжманите важи следново правило: за престој во апартман плаќаат најмалку 2 лица. Доколку престојуваат три или четири лица, истите плаќаат само превоз доколку користат.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.

Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€

деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час порано.

Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот

Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 04:30 часот

Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 05:00 часот

Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 06:00 часот

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа директно во објектот.
Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
Услови за откажување на First Minute и Last Minute резервации:
За сите резервации на аранжмани направени во рамки на First Minute и Last Minute понудите, важат следните услови за откажување:

- До 15 дена пред датумот на поаѓање: се наплатуваат пенали во висина од 50% од вкупната вредност на аранжманот.

- На помалку од 15 дена пред датумот на поаѓање: се применуваат одредбите за откажување согласно Општите услови на патување.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.
ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.
ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

 

 

Прочитано 15 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top