Дубаи и Абу Даби
СОВРЕМЕН ЛУКСУЗ И ОРИЕНТАЛЕН ШАРМ
Дубаи е град на впечатливи контрасти, каде што арапската традиција се испреплетува со современата архитектура и динамичниот начин на живот. Традиционалните пазари, мирисот на зачини и пустинските предели се дел од истата приказна со величествените облакодери, луксузните хотели и елегантните крајбрежни шеталишта.
Препознатливата силуета на Burj Khalifa, хотелот Burj Al Arab и островот Palm Jumeirah ја откриваат смелата и иновативна страна на градот. Пространите трговски центри, богатата гастрономска понуда и многубројните забавни содржини го надополнуваат доживувањето, нудејќи можности за шопинг, истражување и уживање.
Песочните плажи и топлото море повикуваат на одмор, додека пустинското сафари открива поинаков свет — златни дини, возбудливо возење и зајдисонце што ја обојува пустината во топли нијанси. Спој на раскош, традиција и несекојдневни доживувања што му дава на Дубаи посебна привлечност.
03.04. (сабота) СКОПЈЕ – ДУБАИ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:30 часот. Полетување за Дубаи со директен лет на авиокомпанијата “flydubai” во 14:30 и слетување во 21:45 часот по локално време. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.
04.04 - 09.04 ДУБАИ
Појадок.. Во текот на престојот се предвидени вклучениот разглед на Дубаи, слободно време за индивидуални активности и можност за факултативни излети.
*Целодневен разглед на Дубаи со локален водич— ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА.
Во текот на разгледот следува запознавање со фасцинантната приказна за развојот на Дубаи — од некогашно трговско пристаниште до современ, луксузен град со смела визија за иднината.
На патот кон стариот дел на градот, предвидени се паузи за фотографии кај:
– Museum of the Future — Музејот на иднината
– Dubai Frame — прочуената златна рамка на Дубаи
Посета на стариот дел на градот:
– Прошетка низ традиционалните пазари за зачини, злато и текстил
– Возење со традиционален чамец абра преку Dubai Creek — вклучено во цената
– Разглед на прочуениот златен прстен Najmat Taiba, изработен од 21-каратно злато и украсен со скапоцени камења
Разгледот продолжува со посета на Souk Madinat Jumeirah, во комплексот познат како „Малата арапска Венеција“. Традиционалната архитектура, водните канали и погледот кон луксузниот хотел Burj Al Arab создаваат прекрасен амбиент за прошетка и фотографии.
Се продолжува кон Dubai Marina и шеталиштето Marina Walk, со поглед кон впечатливата спирална кула Cayan Tower, позната и како Infinity Tower.
Следува кратка посета и пауза за фотографии на островот Bluewaters, една од препознатливите локации во современиот дел на Дубаи. Тука се наоѓаат панорамското тркало Ain Dubai и музејот на восочни фигури Madame Tussauds, а од крајбрежјето се отвора поглед кон Jumeirah Beach Residence (JBR).
Вечерна прошетка во Дубаи
Посета на раскошниот трговски центар Dubai Mall и прошетка со локалниот водич низ околината, со разглед на:
– Burj Khalifa — разглед однадвор
– Dubai Fountain — прочуената фонтана во подножјето на Burj Khalifa
– Dubai Opera — разглед однадвор
– Souk Al Bahar — современ пазар во традиционален арапски стил
– Burj Park — парк со поглед кон околните облакодери и водните површини
– Dandelion Light Sculpture — светлосната скулптура во облик на глуварче
– Wings of Mexico — скулптурата со крилја, популарно место за фотографии
– Хотелот Palace Downtown
Индивидуално враќање во хотелот. Ноќевање.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
*Целодневна факултативна екскурзија до АБУ ДАБИ — 80 евра
(вклучени трансфер и водич на македонски јазик)
Посета на главниот град на Обединетите Арапски Емирати, каде што богатото културно наследство се спојува со современа архитектура и раскошни градби.
– Разглед на централниот дел на градот, со можност да се види луксузниот хотел Emirates Palace Mandarin Oriental, препознатлив по својата величествена архитектура и уредени градини.
– Разглед на современите делови на Абу Даби и посета на островот Saadiyat, културното средиште на градот, каде што се наоѓаат Louvre Abu Dhabi и Abrahamic Family House — комплекс што обединува џамија, црква и синагога. Островот е познат и по проектот Guggenheim Abu Dhabi.
– Се продолжува кон островот Yas, каде што се наоѓаат тркачката патека за Формула 1, Yas Marina Circuit, и забавниот парк Ferrari World Abu Dhabi.
– Посета на Sheikh Zayed Grand Mosque, една од највпечатливите знаменитости на Абу Даби. Белите мермерни фасади, величествените куполи, украсените столбови и водните огледала создаваат несекојдневна глетка. Во комплексот се наоѓа и гробницата на шеикот Зајед, основачот на Обединетите Арапски Емирати.
*Факултативна посета на MIRACLE GARDEN И GLOBAL VILLAGE — 70 евра
(вклучени трансфер, влезници и водич)
Поаѓање од хотелот околу 14:00 часот. Посета на две впечатливи атракции на Дубаи, кои нудат поинакво доживување на градот — свет на цветни креации и патување низ различни култури.
Miracle Garden
Посета на Miracle Garden, цветна оаза среде пустинските предели на Дубаи. Милиони природни цветови, обликувани во раскошни скулптури, цветни тунели, срца и необични конструкции, создаваат прекрасен амбиент за прошетка и фотографии.
Богатството од бои, внимателно уредените патеки и впечатливите цветни композиции ја претвораат градината во место што ја буди фантазијата. Зад секој свиок се открива нова глетка — спој на природна убавина, креативност и посветено градинарско мајсторство.
Global Village
Се продолжува кон Global Village, место каде што културите, вкусовите и традициите од различни делови на светот се среќаваат во еден простор. Павилјоните, инспирирани од архитектурата и знаменитостите на земјите што ги претставуваат, отвораат врата кон шарени пазари со ракотворби, традиционална облека, зачини, чаеви и сувенири.
Прошетката нуди можност за откривање локални производи и вкусување специјалитети од различни светски кујни. Музичките настапи, традиционалните танци и сценските изведби ја надополнуваат живата атмосфера, а вечерното осветлување им дава посебен шарм на павилјоните.
Слободно време за прошетка, шопинг и уживање во богатата гастрономска понуда — мало патување околу светот во една вечер.
*Факултативна посета на панорамската платформа на BURJ KHALIFA на 124. кат — влезница 60 евра.
Поглед од височина кон облакодерите, крајбрежјето и пустинските предели — несекојдневно доживување на панорамата на Дубаи.
*Факултативно крстарење по DUBAI MARINA — 65 евра
(вклучени трансфер, вечера, безалкохолни пијалоци и водич)
Во вечерните часови, крстарење со брод низ Dubai Marina — можност да се доживее сјајот на современиот Дубаи од водата.
Осветлените облакодери, луксузните јахти и одразите на градските светла создаваат впечатлива вечерна панорама. Во текот на пловидбата се отвораат погледи кон Ain Dubai и другите препознатливи атракции во овој дел на градот.
Доживувањето е надополнето со вечера, безалкохолни пијалоци и забавна програма на бродот — пријатна вечер во раскошниот амбиент на Dubai Marina.
*Факултативно ПУСТИНСКО САФАРИ — 65 евра
(вклучени трансфер, вечера, безалкохолни пијалоци и водич)
Поаѓање во 15:00 часот на пустинско сафари со џипови — возбудливо доживување меѓу златните песочни дини.
Авантуристичко возење низ пустинските предели, со пауза за уживање во зајдисонцето, кога песокот добива топли златни и црвеникави нијанси. Прекрасна можност за фотографии и доживување на тишината и пространството на пустината.
Се продолжува кон пустинскиот камп, со можност за јавање камила, украсување со кана или уживање во наргиле. Следува вечера со безалкохолни пијалоци, надополнета со забавна програма и настап со стомачен танц, во амбиент што го доловува ориенталниот дух.
10.04.2027 (сабота) ДУБАИ - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 09:55 и слетување во 13:30 часот.
BLACK WEEK
ДОПОЛНИТЕЛНИ 30 евра попуст од цената по лице
Промо цена : (949 евра) 58.840 мкд
Цена на аранжманот: (1099 евра) 68.140 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје – Дубаи – Скопје со авиокомпанијата “flydubai”
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Рачен багаж до 7 кг и чекиран багаж до 20 кг
– Сместување во хотел со 4 *, на база на 7 ноќевања со појадок
– Локален водич за реализација на излетите
– Целодневен разглед на Дубаи (трансфер, водич)
– Организација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Туристичка такса (се плаќа на рецепцијата во хотелот)
– Патничко здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба — 16.500 денари
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на организаторот
